Реал Мадрид си дозволи во последното коло да брка пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите откако во минатото коло загуби од Шахтјор Доњецк. Сега на „кралевите“ им е потребен триумф над Борусија Менхенгладбах, со оглед дека Интер игра дома против Шахтјор. „Нероаѕурите“ мораат да победат и да чекаат поволен развој во групата во која Борусија М. има 8 бода, Шахтјор и Реал по 7, а Интер 5.
Атлетико Мадрид му гостува на Салцбург и треба да остане непоразен за да обезбеди пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување. Баерн Минхен во ревијален меч го пречекува Локомотив Москва во групата А.
Манчестер Сити дома го пречекува Олимпик Марсеј, а Олимпијакос е домаќин на Порто во дуелите од групата Ц. Сити и Порто веќе обезбедија пласман понатаму, останува да се види кој ќе избори пласман во Лигата на Европа од третата позиција. Олимпијакос и Марсеј имаат по три бода.
Ајакс се надева дека со триумф над Аталанта ќе му се придружи на Ливерпул како патник во осминафиналната фаза од групата Д. Англискиот првак му гостува на Митјиланд.
Вечерва ќе се доигра и прекинатиот меч меѓу ПСЖ и Башакшехир од синоќа на „Паркот на принцовите“, поради расистичките навреди на четвртиот судија кон Пјер Вебо, членот на стручниот штаб на турскиот тим.
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal