Connect with us

Италија во солзи: Почина легендарниот голгетер Паоло Роси

Светот уште не се опорави од смртта на Диего Марадона, а Италија плаче за својот херој Паоло Роси. Тој почина вчера на 64-годишна возраст. Паоло Роси е голгетерот кој ја предводеше Италија до третата светска титула во 1982 година на Светското првенство во Шпанија.

Тој беше предводникот на Италијанците во походот кон трофејот на мундијалот. Со хет-трик го елиминира Бразил, постигна два гола против Полска во полуфиналето, а ја затресе мрежата и на Западна Германија во финалето кое Италија го доби со 3-1.

Паоло Роси беше златна копачка на мундијалот, а потоа ја доби и наградата „Златна топка“ на „Франс фудбал“.

Настапуваше за Јувентус, Милан, Комо, Винченца, Перуџа и за Верона. Освои две титули во Серија А, Куп на шампионите со Јувентус, и по еден трофеј во Суперкупот на УЕФА и Купот на победници на куповите.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови