Англискиот првак Ливерпул глава не може да крене од повреди оваа сезона, а сега дојде уште една неповолна вест од „Енфилд Роуд“. Португалскиот интернационалец Диого Жота кој игра одлично од почетокот на сезоната, ќе мора да паузира дури два месеци, открива португалскиот весник „Рекорд“.
Неговата повреда на коленото е сериозна и тој ќе мора да мине низ долг рехабилитациски процес. Диого Жота беше еден од најдобрите фудбалери на Јирген Клоп во досегашниот тек од сезоната. Сега без него „црвените“ ќе мораат да играат долг период, тој му се придружува на Вирџил ван Дајк кој ги скина лигаментите на коленото. Португалецот треба да се врати во натпреварувачки ритам во средината на февруари следната година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













