
Францускиот првак Пари Сен Жермен и каталонскиот гигант Барселона се на готовс и го чекаат последниот потег на Лион за да тргнат во офанзива по Мемфис Депај. Француските медиуми најавуваат дека Лион ќе се согласи и на минимална отштета од 5 милиони евра со оглед дека договорот на Холанѓанецот истекува на крајот од сезоната.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман, сакаше да го ангажира Депај и во летниот преоден рок, но финансиската криза беше пречка за негов ангажман. Каталонскиот клуб и натаму се мачи со финансиите, но затоа Пари Сен Жермен би можел веднаш да реагира и да го доведе Мемфис Депај на „Паркот на принцовите“ уште на почетокот на јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
