
Манчестер Сити оствари рутински триумф (2-0) против Њукасл на домашен терен. И без Габриел Хесус кој е позитивен на Ковид-19, „граѓаните“ стигнаа до целта. Илкај Гундоган во 15.минута донесе водство за тимот на Пеп Гвардиола, а Феран Торес во 55.минута зголеми на 2-0. Имаа уште неколку шанси домашните фудбалери, но застанаа на два постигнати гола.
Евертон лета високо и со победата (0-1) на гости против Шефилд Јунајтед се доближи на само два бода негатива од лидерот Ливерпул. Гилфи Сигурдсон во 80.минута беше стрелец на победничкиот погодок за тимот на Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
