
Има „лек“ и за забраните за забава предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Можеби е строго во Париз, но Нејмар ги искористи слободните денови поради божиќните празници да замине во родниот Бразил, а таму во вилата организирал забава за 500 луѓе.
Тој се потрудил подрумот да го направи вистински ноќен клуб и поканил голем круг на пријатели на забава која ќе трае, верувале или не, цели пет дена. Ангажирани се бендови кои секоја вечер доаѓаат да ги забавуваат гостите, како и послуга за комплетно уживање на сите кои се гости на Бразилецот.
Единствено барање на домаќинот Нејмар е мобилните телефони да бидат оставени на посебно место при самиот влез во вилата, а потоа секој може да ужива во благодетите што ги нуди раскошниот ранч. Пари Сен Жермен следниот меч го игра на 6.јануари, а Нејмар има уште неколку слободни дена да се опушти во родниот Бразил каде и нема така строги мерки поради пандемијата на коронавирусот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
