Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер во 21. век на „Глоуб сокер аворд“ во Дубаи, а потоа се осврна и на фудбалот во екот на пандемијата со коронавирусот. Тој вели дека фудбалерите едвај чекаат публиката да се врати на стадионите.
„Многу е чудно. На сите ни недостига публиката. Едвај чекаме да се вратат фановите на трибините, дури и свирежите се подобри од тишината која сега ја има на стадионите. Здравјето секако е најважно, но да се надеваме дека целиот свет брзо ќе ја победи оваа глобална пандемија. Играме за семејството, за децата, за пријателите, но многу ни недостигаат фановите“, изјави Кристијано Роналдо.
За најдобар фудбалер за 2020 година беше избран Роберт Левандовски, а за најдобар тренер Ханси Флик, од Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













