Аргентинскиот фудбалски генијалец Лионел Меси инсистираше да ја напушти Барселона, но беше во „војна“ со претседателот Бартомеу, кој си поднесе оставка и замина од клубот. Сега Лео вели дека сака само да игра за својата љубов Барселона и да му помогне на тимот во сезоната која не стартуваше најдобро. Не ја отфрла можноста да замине, но секако не би направил скандалозен трансфер во Реал Мадрид или во Атлетико Мадрид.
„Почувстував дека е време да заминам од Барселона, дека така ќе биде најдобро за сите. Цела година му го кажував тоа на Бартомеу – дека сакам да си одам, но тој секогаш имаше само еден одговор – „не“. Тогаш го испратив и моето лично соопштение со барање за трансфер, за јавноста, нашите фанови да знаат што се случува. Имав големи проблеми, но сега сето тоа е минато и сакам само да играм, да помогнам да победуваме. Барселона е мојата љубов, мојот живот, тука сум од 13 години, во Барселона живеам подолго отколку дома во Аргентина. Овој клуб ми даде се во животот. Нема да преговарам со ниеден клуб до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме што ќе се случува. Едно е јасно, никогаш не би заминал во Реал Мадрид или во Атлетико Мадрид. Имам желба еден ден во кариерата да играм во Соединетите Американски Држави. За тоа отсекогаш сум мечтаеч“, изјави Лионел Меси во божиќното интервју на „Ла Секста“.
Тој потврди дека е во одлични односи со Пеп Гвардиола и дека постојано телефонски комуницираат, но не и за негов трансфер во Манчестер Сити. Го „боли“ и заминувањето на Луис Суарез кој сега го носи дресот на Атлетико Мадрид.
„Причината да сакам да си заминам не беше Суарез, но мора да признаете дека тој трансфер беше вистинско лудило. Го пуштате одличниот напаѓач и му дозволувате да потпише за голем ривал со кој сега се борите за титулата“, објасни Меси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski