
Напаѓачот Диего Коста заминува од „Ванда Метрополитано“. Тој побарал од раководството на Атлетико Мадрид да му биде раскинат договорот шест месеци пред неговиот истек наведувајќи дека има семејни причини за ваквиот предлог. Најверојатно шпанскиот клуб ќе му излезе во пресрет и разделбата ќе се случи во зимскиот преоден рок.
Атлетико Мадрид е во потрага по нов напаѓач, води преговори со Аркадиуш Милик кој треба да биде поткпрепа за Луис Суарез во составот на Диего Симеоне.
Диего Коста најверојатно ќе се врати во родниот Бразил и ќе прифати една од неколкуте понуди кои пристигнаа на негова адреса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
