
Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ја стартуваше 2021 година со амбициозен проект. „Граѓаните“ сакаат да го доведат на „Етихад“ капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн. Раководството на клубот е подготвено да плати 90 милиони фунти за да го купи напаѓачот на Тотенхем.
Пеп Гвардиола бара замена за Серхио Агуеро кој ќе си замине од Манчестер Сити на крајот од сезоната, а јасно е дека го сака најдобриот, Хари Кејн од Тотенхем. Тој има договор во јуни 2024 година, но богатите сопственици на Манчестер Сити се убедени дека можат да го доведат со спектакуларен трансфер.
Манчестер Сити послабо ја стартуваше оваа сезона, во моментот составот на Пеп Гвардиола се наоѓа на осматѕа позиција со 26 бода, седум помалку од лидерот Ливерпул, но има одиграно и два меча помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
