Серија А направи голем гаф на Твитер откако во официјалната честитка за пречекот на новата 2021 година заборави еден клуб. Лацио беше заборавен на првичната фотографија на која се претставени главните ѕвезди на 20 клуба од италијанскиот шампионат.
Набрзо, спорната фотографија е повлечена и надополнета со Чиро Имобиле, најголемата ѕвезда на „лацијалите“, а потоа и повторно лиферувана на социјалните мрежи со желби за добро здравје, среќа и успеси во годината што доаѓа.
Секако, Горан Пандев е претставен како најголема ѕвезда на Џенова. Првенството во Серија А продолжува на 3.јануари, а Џенова го пречекува Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













