Аргентинскиот стратег Мауриусио Покетино и официјално е нов тренер на францускиот првак Пари Сен Жермен. Тој ја доби довербата во следните 18 месеци да го предводи тимот на „светците“ и се врати на „Паркот на принцовите“ каде мина и дел од играчката кариера.
„Екстремно сум среќен и почестен што станав тренер на ПСЖ. Сакам да изразам благодарност до раководството на клубот за укажаната доверба. Како што знаете, овој клуб отсекогаш имал посебно место во моето срце, имам фантастични спомени од Париз и единствената атмосфера на „Паркот на принцовите“. Доаѓам во клуб со големи амбиции и веќе сум нестрплив да почнам да работам со дел од најдобрите светски фудбалери кои се дел од тимот на ПСЖ. Ветувам дека ќе работиме напорно и дека ќе освоиме многу трофеи заедно“, изјави Маурисио Покетино по именувањето за нов тренер на ПСЖ.
Тој ќе дебитира на клупата на „светците“ на 6 јануари на гостувањето кај Сент Етјен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













