Connect with us

„Кралевите“ на лето тргнуваат по Мохамед Салах

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе биде една од главните цели на шпанскиот гигант Реал Мадрид во летниот преоден рок. Тој најави можно заминување од „Енфилд Роуд“ по завршувањето на сезоната, а „кралевите“ ќе сторат се за да го доведат на „Сантијаго Бернабеу“.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека клубот нема да држи на сила ниту еден фудбалер, но, сепак, се зачуди зошто Салах би сакал да замине кога игра во актуелниот англиски првак. Реал Мадрид за услугите на Салах ќе треба да издвои околу 90 милиони евра. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови