Белгиецот Еден Азар ја надмина повредата, но сега ќе чека шанса од клупата за резерви и нема веднаш да се врати во стартниот состав на Реал Мадрид. Најскапото засилување на „кралскиот клуб“ има големи проблеми со повредите откако пристигна во Мадрид и никако да се наметне како лидер во тимот на Зинедин Зидан.
Азар одигра по 15 минути на натпреварите против Елче и Селта откако се врати по паузата поради повреда, но Зидан најави дека нема да брзо со него. На тимот му оди добро, реди победи, а Зидан им дава приоритет на Лукас Васкез и на Марко Асенсио кои играат во одлична форма. Тие беа стрелци и на синоќешниот дуел против Селта (2-0).
Поради повредите значително падна и вредноста на Еден Азар на фудбалскиот пазар. Таа сега изнесува околу 60 милиони евра наспроти 150 милиони евра, колку што тој вредеше при доаѓањето од Челси на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













