Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона е една од најголемите загуби за светот во 2020 година. Фудбалското божество, посебно во омилено во неговата родна Аргентина и во Италија каде настапуваше за Наполи, почина на 60-годишна возраст, на крајот од ноември минатата година.
Поглаварот на римокатоличката црква, Папата Франциск, вели дека се уште се моли за Диего, а на неговото семејство му испратил бројаница и зборови на утеха.
„Тој беше вистински шампион на теренот, човек кој на милиони луѓе им носеше радост преку фудбалската игра, како во Аргентина, така и во Неапол. Но, ниеден шампион не е создаден во лабораторија. Сите тие се на крајот обични луѓе со свој живот и проблеми. Марадона беше кревка личност. Тој вечно ќе живее низ спомените на луѓето“, изјави Папата Франциск, во интервју за „Газета дело спорт“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













