
Португалскиот ас Кристијано Роналдо со два гола учествуваше во триумфот (4-1) на Јувентус против Удинезе и го надмина легендарниот Пеле. Тој сега има 758 официјални голови, еден повеќе од Пеле, но со многу поголем број одиграни натпревари во кариерата.
Роналдо го отвори резултатот во 31. минута, а потоа го надмина Пеле со вториот погодок во 70.минута. Федерико Киеза беше стрелец во 49.минута за „старата дама“. Во финишот, Удинезе намали со голот на Марвин Зегелар, а Пауло Дибала го постави конечниот епилог.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одигра дваесетина минути на овој меч. Тој влезе на местото на Кевин Ласања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
