Connect with us

Тотенхем не го продава Деле Али, Ериксен е прва опција за ПСЖ

Англискиот премиерлигаш Тотенхем одлучи да не го продава Деле Али. Менаџерот Жозе Мурињо не сака да се откаже од поранешниот англиски репрезентативец и покрај тоа што ретко му дава шанса да биде стартер или пак да влезе во игра на натпреварите од Премиер – лигата. 

Португалскиот страгег сепак сака да има квалитетни фудбалери во ростерот и резерви кои во секој момент се подготвени да одиграат и подобро од стартерите. Ова значи дека новиот тренер на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино нема да го добие својот омилен играч од периодот во Тотенхем, па ќе мора да се насочи кон друг играч. И нема да губи многу време, туку тргнува по Кристијан Ериксен.

Данецот е на излезна врата од Интер, италијанскиот тим го стави на трансфер – листа и тој е слободен за преговори за преселба во Париз. Во наредните неколку дена се очекува и почеток на преговорите меѓу Интер и ПСЖ. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови