Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде да се засили со фудбалер од Ла Лига. Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, му фрли око на фудбалерот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер и сака да го доведе на „Емирати“.
24-годишниот фудбалер имаше одлични настапи во дресот на Валенсија, а многу често умее да се запише и во листата на стрелците. Тој на 13 натпревари во сите конкуренции, постигна шест гола и забележа пет асистенции. За него Арсенал е подготвен да плати 30 милиони фунти. Тој има договор со Валенсија до јуни 2023 година.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement