Италијанскиот калчолигаш Интер планира да го врати напаѓачот Едер на „Џузепе Меаџа“. Тој по три години играње во Кина, во „братскиот“ клуб на „нероаѕурите“, Џиангсу Сунинг, би можел овој јануари да се врати во Италија.
Едер во 2018 година го напушти Интер и потпиша за кинескиот Џиангсу Сунинг, но по најновите даночни правила во Кина, најголем дел странците ја напуштаат „ветената земја“. Едер би можел да си се врати во Интер.
Тренерот Антонио Конте сака да има уште една квалитетна опција во нападот, фудбалер кој ќе може да го одмени Ромелу Лукаку на одредени натпревари и Едер изгледа како одлична опција.
Едер во дресот на Интер има одиграно 86 натпревари и постигна 14 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













