Италијанскиот првак Јувентус има се поголеми проблеми пред утрешното дерби против Милан на „Сан Сиро“. Тренерот Андреа Пирло нема да може да смета и на Хуан Квадрадо, кој исто како и Алекс Сандро, е позитивен на Ковид-19. Тој е во самоизолација и нема да биде дел од тимот во наредните дваесетина дена.
„По последните тестови, позитивен на Ковид-19 е фудбалерот Хуан Квадрадо. Тој е асимптиматичен, но веќе се наоѓа во самоизолација“, соопштија од Јувентус.
Пирло нема многу алтернативи, па на десната бековска позиција речиси сигурно ќе игра Данило.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement