Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Милан, исто така ќе има големи проблеми со составот на вечерашното дерби против Јувентус на „Сан Сиро“. И во таборот на „росонерите“ се појавија два позитивни случаи на Ковид-19.
Анте Ребиќ и Раде Круниќ добија позитивни тестови на коронавирус иако се асимптоматични, без сериозни симптоми. Сепак, нема да можат да им помогнат на соиграчите и веќе се во изолација.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, има големи проблеми со отсуства на фудбалерите. Покрај Ребиќ и Круниќ, вечерва во комбинација за настап нема да бидат уште и Тонали, Бенасер и Салемакерс. Отсутен ќе биде и Златан Ибрахимовиќ.
Јувентус исто така има позитивни случаи на коронавирус. Алекс Сандро и Хуан Квардадо нема да му бидат на располагање на Андреа Пирло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













