Специја го изненади Наполи на гости во Неапол и славеше со 1-2 иако тимот на Џенаро Гатузо поведе на овој меч. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а Специја погоди со играч помалку за триумф на стадионот „Диего Марадона“. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во последните дваесетина минути на местото на Тиму Бакајоко и имаше супер-шанса за израмнување во 89.минута. Но, не успеа да ја искористи, шутираше над голот.
Андреа Петања го отвори резултатот во 58.минута, а десет минути подоцна Фабијан Руиз направи наивен пенал. Специја тоа го искористи и израмни преку Мбала Нзола, а потоа и остана со играч помалку поради исклучувањето на Ардијан Исмајли. Но, Томасо Побега во 82.минута постигна победнички погодок за Специја и комплетно го шокираше Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













