
Италијанскиот првак Јувентус ја прекина непобедливоста на Милан, го освои „Сан Сиро“ славејќи со 1-3 и се врати во трка за одбрана на титулата во Серија А. Сега „старата дама“ има 30 бода, седум помалку од Милан кој се уште е лидер, но Јуве има и еден одигран меч помалку.
Федерико Киеза во 18.минута донесе предност за Јуве, но Давиде Калабрија израмни пред крајот на првиот дел. Сепак, Милан беше премногу десеткуван во средниот ред и во нападот на овој меч, а тоа Јувентус знаеше да го искористи. Киеза со вториот гол во 62.минута повторно донесе водство за Јувентус, а мечот го реши Вестон Меккени со погодокот во 76.минута од дербито.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski