Холандскиот интернационалец Ројстон Дренте повторно ќе игра фудбал во Шпанија. Но, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, сега ќе биде дел од третолигашот Расинг Мурсија.
33 – годишниот Дренте на почетокот на кариерата важеше за голем талент, од 2007 до 2012 година играше за најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид, но потоа стагнираше екстремно многу и во 2019 година заврши во холандскиот третолигаш Козакен Бојс.
Неговиот трансфер од Козакен Бојс во Расинг Мурсија доби место дури и на насловната страница на шпанскиот весник „Марка“. Некогашниот „крал“ Дренте сега ќе игра во третолигашка конкуренција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













