Рома би можела да остане без Пауло Дибала во јануарскиот преоден рок, бидејќи заминувањето на аргентинската ѕвезда станува сè пореално. Веќе подолго време е јасно дека Дибала не е миленик на тренерот Џанпјеро Гасперини, па зимата се наметнува како идеална можност тој да го напушти Рим и да се врати во татковината.
Аргентинските медиуми објавуваат дека Бока Јуниорс покажува сериозен интерес, а дури тврдат и дека самиот Дибала е многу мотивиран да го облече славниот дрес на клубот од „Бомбоњера“.
Во целата приказна значајна улога има и Леандро Паредес, негов соиграч од аргентинската репрезентација, кој моментално настапува за Бока. Наводно, близината со Паредес е еден од факторите што го привлекуваат Дибала кон овој трансфер.
Дибала има договор со „волчицата“ до 30 јуни 2026 година, но нема никакви индикации дека Рома планира да го продолжи. Токму затоа зимското заминување изгледа како најреална опција.
Интересот дополнително го распламти директорот на Бока, Марсело Делгадо, кој синоќа го опиша потенцијалниот трансфер како мешавина од „сон и реалност“, при што истакна дека клубот е подготвен да вложи сериозен напор за да го донесе светскиот шампион.
„Сон, илузија или реалност? Дибала е комбинација од сето тоа“, изјави Делгадо. „Се надеваме дека ќе направиме сè што е потребно за да го донесеме, без разлика дали шансите се големи или мали. Единствено што знам е дека неговиот договор истекува во јуни 2026. Ќе ја процениме ситуацијата и ќе видиме како ќе се развиваат работите,“ додаде тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













