Connect with us

Мохамед Салах доби баснословна понуда од Саудиска Арабија

Неверојатни работи се случуваат во последните неколку дена во Ливерпул, а најмногу се поврзани со Мохамед Салах и неговата иднина на „Енфилд“.

Имено, Салах јавно реши да го прозве тренерот Арне Слот, по што настана вистински хаос за Египќанинот, бидејќи беше „отстранет“ од тимот.

Салах по киксот на Ливерпул на гостувањето кај Лидс реши јавно да проговори и да каже дека повеќе нема никаков однос со Слот.

Потоа настана хаос околу Салах, кој многу лесно би можел да го напушти „Енфилд“ уште во јануари и така да замине од клубот на не баш најдобар можен начин, иако практично е легенда на Ливерпул.

Мо Салах имал и интересна средба што се обидела да биде сокриена, но Англичаните го разоткрија сето тоа. Станува збор дека Салах во Лондон се сретнал со поранешниот соиграч од Ливерпул, Џордан Хендерсон.

Салах не беше во тимот на Ливерпул за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер во Италија, и очигледно отишол по совет од поранешниот капитен на тимот од „Енфилд“.

Навивачите беа изненадени кога клупската хиерархија, и покрај лошите резултати на Ливерпул, реши да му даде поддршка на Слот, а не на Салах. Веднаш се појавија клубови кои сакаат да го доведат во јануари.

Салах за неколку дена ќе отпатува на натпреварите од Африканскиот куп на нации, и прашање е дали воопшто ќе се врати на Енфилд како играч на Ливерпул.

Саудиските клубови Ал-Хилал, Ал-Кадисија и Неом се трите екипи кои се многу заинтересирани за Мо Салах, а тука се и Сан Диего и Чикаго Фајер од Америка.

Клубовите од Саудиска Арабија наводно се подготвени да му понудат на Ливерпул околу 85 милиони евра за трансферот на Салах оваа зима.

А кога станува збор за договорот за Салах од клубот од Саудиска Арабија, кој не е именуван, понудата веќе е на маса.

Англичаните тврдат дека екипата од Саудиска Арабија веќе му доставила официјална понуда на Мохамед Салах.

Наводно, Салах би заработувал дури 2,85 милиони евра неделно, што секако е нешто за што Египќанинот сигурно ќе размисли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови