Хрватската фудбалска легенда Роберт Просинечки е именуван за нов селектор на националниот тим на Киргистан. Договорот ќе трае една година и еден месец – до завршувањето на Купот на Азија, објави прес-службата на Фудбалскиот сојуз на Киргистан.
„Европскиот стручњак Роберт Просинечки е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Киргистан. Церемонијата на потпишување на договорот се одржа денес, 10 декември, во присуство на Камчибек Ташиев, претседател на Фудбалската федерација на Киргистан“, се наведува во соопштението.
Доколку репрезентацијата има успешен настап на Купот на Азија во 2027 година, договорот автоматски ќе биде продолжен за уште три години.
Просинечки (56), поранешен играч на Реал Мадрид и Барселона, во тренерската кариера ги водеше националните селекции на Хрватска, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Турција и Црна Гора, како и неколку европски клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роберт Просинечки е нов селектор на Киргистан
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













