Connect with us

Гвардиола: Ако јас бев тренер на Реал, лани ќе добиев отказ за шест месеци

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја искажа својата поддршка за Чаби Алонсо и изрази увереност дека тој ќе успее да ја стабилизира ситуацијата во Реал Мадрид, иако призна дека резултатите кои ги постигна со Сити минатата сезона, во Мадрид би го чинеле отказ.

Гвардиола, кој го тренираше Алонсо во Баерн Минхен, даде интересен коментар.

„Секако дека чувствувам сочувство, бидејќи бевме заедно година и половина, две. Беше неверојатно искуство да работам со него. Не само како тренер, споделувавме многу работи, вклучувајќи и лични моменти. Но, Барселона и Реал Мадрид се најтешките клубови за кои можеш да бидеш тренер. Таму е тешко поради притисокот и атмосферата. За тоа што направив со Сити минатата сезона, таму би ме отпуштиле по шест месеци. Реал Мадрид е тешко место за секој тренер. Но тој е свесен – бил тука и ја знае реалноста. Клучот е да освојуваш натпревари“, изјави Гвардиола, во пресрет на вечерашното дерби на „Бернабеу“ во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови