Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, призна дека бил изненаден од јавните обвинувања на Мохамед Салах, кој тврдеше дека клубот „го фрлил под автобус“ и дека е незадоволен од неговиот статус. По оваа неочекувана реакција, холандскиот тренер донесе одлука да го изостави египетскиот ас од тимот за утрешниот дуел против Интер во Милано.
Ливерпул, кој оваа сезона се мачи со резултатите, утревечер гостува на „Џузепе Меаца“ во Лигата на шампионите. Меѓутоа, подготовките за натпреварот беа нарушени кога Слот реши Салах да не биде дел од составот за ова патување.
Тренерот досега избегнуваше јавни коментари на оваа тема, но на вечерашната прес-конференција конечно ја сподели својата перспектива.
„Воопшто не ја очекував оваа изјава од Салах, особено со оглед на тоа како тренираше и како се однесуваше последните денови. Мојот став за неговите зборови е јасен – а доказ за тоа е дека тој не е со нас во Милано,“ изјави Слот, најавувајќи ја утрешната пресметка со Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













