Холандскиот напаѓач Лук де Јонг доживеа тешка повреда на коленото.
Како што беше потврдено денес, Холанѓанецот претрпе најтешка можна повреда, бидејќи ги скина предните вкрстени врски и го очекува пауза од околу осум до девет месеци.
Тоа значи дека оваа сезона за него е завршена, а големо е и прашањето во каква форма ќе биде кога ќе се опорави во својата 36-та година.
Де Јонг во Порто пристигна летово како слободен играч, откако му истече договорот со ПСВ. Во својата кариера настапувал за повеќе клубови, Твенте, Борусија Менхенгладбах, Њукасл, ПСВ, Севилја, Барселона, додека за репрезентацијата на Холандија одиграл 39 натпревари со осум гола.
Јасно е дека сега сигурно нема да биде на листата на селекторот Роналд Куман за Мундијалот 2026 година.
Од доаѓањето во Порто постигна еден гол на седум натпревари, но најчесто беше резервист, бидејќи на теренот помина помалку од 300 минути.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













