Бранителот на титулата во ПМФЛ екипата на Шкендија денеска пред себе има сериозен предизвик. Гостување во Куманово кај Башкими, меч кој е последен прволигашки предизвик за тетовскиот тим, пред последните два натпревари во групната фаза во Лигата на Конференции против Слован Братислава и АЕК Ларнака.
За да ја продолжи трката за одбрана на титулата во Првата лига на пролет и да ги следи во чекор водечките Вардар и Струга ТЛ, тогаш императивот мора да бидат трите бода на денешниот дуел во Куманово. Тоа и го најавуваат од таборот на тетовските „црвено-црни“.
„Ова е последниот натпревар за нас во првенството за оваа година, а потоа имаме уште два европски меча. Не очекува тежок натпревар, но одиме во Куманово да ја затвориме годината како што треба, со победа. Дефинитивно кај нас има желба за победа. Сакаме успешно да ја завршиме оваа полусезона, и потоа да ја продолжиме трката за титулата. Го анализиравме противникот, но верувам дека тимот ќе се претстави на најдобар можен начин. Невообичаено бевме многу зафатени оваа полусезона. Сонувавме за овој момент, но не е лесно да се игра на сите фронтови. Меѓутоа убаво е чувството и уживаме во него“, рече Клисман Цаке, дефанзивецот на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













