Connect with us

Ако Македонија се пласира на Светско првенство – ќе игра во „најлесната“ група

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство 2026, што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Ако успее да помине, тогаш ќе игра во релативно „најлесната група“ на Мундијалот.

Во полуфиналето од баражот, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Данска. Ако успее да ја елиминира скандинавската репрезентација, во финалниот дуел ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Ирска и Чешка. Победникот од овој мини-турнир ќе се пласира во групата А на Светското првенство, каде што се сместени Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.


Интересно е што во оваа група нема класичен фаворит од рангот на Германија, Шпанија, Франција, Бразил или Аргентина.

Бараж натпреварите за Мундијалот ќе се одиграат во март. Иако Македонија на хартија важи за аутсајдер, нашата репрезентација во минатото покажала дека може да приреди големи изненадувања. На баражот за СП 2022, Македонија сензационално ја елиминира Италија, но во решавачкиот натпревар беше поразена од Португалија.

Македонија ќе влезе во претстојните бараж-дуели со нов селектор, бидејќи договорот на Благоја Милевски истече и нема да биде продолжен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови