Connect with us

Енис Барди меѓу номинираните за најдобар спортист за 2025 година

Изборот на најдобрите спортисти на Македoнија за 2025 година ќе се одржи на 18 декември, а објавени се номинираните кандидати за престижните награди што ќе бидат доделени во неколку категории.

Во главната категорија меѓу фаворитите се капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди, боксерот Ален Рустемовски, кик-боксерот Стефан Михајловски, атлетичарот Андреас Трајковски и борачот Владимир Егоров.

Кај дамите, најтесниот избор ги вклучува Ангела Мојсовска (карате), Катерина Попева (фитнес и бодибилдинг), Александра Марковска (фудбал), Катерина Ацевска (џуи-џицу) и Сашка Колевска (спортски танци).

За наградата „тренер на годината“ номинирани се Могамед Ибрагимов (борење), Методија Ангелевски (пливање), Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Митровски (кик-бокс) и Кристијан Кајчевски (атлетика).

Награди ќе се доделуваат и во други категории, како најдобра репрезентација, најдобар млад спортист во машка и женска конкуренција, како и најуспешен спортист со инвалидитет. Завршната свеченост е закажана за 18 декември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови