Connect with us

Марко Ѓорѓиевски стрелец за Херманштат

Македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски одигра одличен натпревар за Херманштат, водејќи го тимот до победа во Купот на Романија. На гостувањето кај Ботошани, македонскиот интернационалец и соиграчите славеа со 1-3.

Ѓорѓиевски, кој стартуваше од првата минута, се истакна со погодок на почетокот од второто полувреме за водство од 1-2. Македонецот беше заменет во 58. минута, а влегувањето на Сергиј Бус го донесе и конечниот резултат, 1-3.

Херманштат има максимални шест бода по двете први кола во групната фаза и во следната рунда ќе гостува кај Динамо Букурешт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови