МАКФУДБАЛ во Кардиф,
Крег Белами признава дека евентуалниот пласман на второто место во група од квалификациите за Светското првенство ќе биде огромен успех за Велс.
Македонија утре ќе му гостува на Велс во последниот квалификациски натпревар, во борба за второто место зад Белгија, која се очекува да ја заврши формалноста и да ја освои првата позиција во групата Ј против Лихтенштајн.
„Ќе биде огромен успех, а ова е огромен предизвик“, рече менаџерот на Велс, Крег Белами, коментирајќи ги сценаријата за плејофот на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Можам да лажам и да кажам дека не е. Но, ајде, да завршиме на второто место и да имаме натпревар на домашен терен, тоа ќе биде огромен успех. Но, дури тогаш и ќе почне следниот предизвик за пласман на Светското првенство“, истакна селекторот на Велс.
„Ова е ново искуство за мене затоа што кога јас играв, последните три или четири натпревари немавме за што да играме, па ова е прилично убаво искуство. Знаеме дека треба да победиме, но исто така мора да бидеме трпеливи. Тоа е клучот, затоа што Македонија се брани длабоко. Тие се задоволни да немаат посед на топката, но имаат способност за контранапади, па мораме да бидеме свесни за тоа.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













