Connect with us

Серафимов: Тест на формата со Летонија, а потоа најважниот меч против Велс во Кардиф

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има својот собир во пресрет на двата предизвици во ноемврискиот прозорец.


Првиот предизвик ќе биде на 13 ноември, кога „црвено-жолтите“ на домашен терен ќе ја пречекаат селекцијата на Летонија во пријателски натпревар. Пет дена подоцна, на 18 ноември, тимот ќе го одигра последниот квалификациски натпревар од тековната кампања за Светското првенство, против Велс во Кардиф.

„Најпрво нè очекува пријателски натпревар со Летонија, што ќе биде одлична можност да ја провериме нашата форма. Потоа следува најважниот дуел во квалификациите – натпреварот со Велс. Очекувам тежок меч, но ќе дадеме максимум за да ги израдуваме нашите навивачи и, зошто да не, да дојдеме до победа. Koга се игра против вакви силни селекции, најголемиот товар паѓа на одбраната. Но, кај нас одбраната започнува од напаѓачите. Сите мора да бидеме компактни и фокусирани. Верувам дека ќе издржиме под притисокот што ќе го создадат домаќините“, изјави дефанзивецот Никола Серафимов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови