Connect with us

Волфсбург го отпушти тренерот

Волфсбург го отпушти тренерот Пол Симонис по слабото отворање на сезоната.

„Волците“ загубија со 1-2 од Вердер Бремен во Бундеслигата во петокот, што беше трети последовен пораз, вклучувајќи и елиминација од второлигашот Холштајн Кил во Купот на Германија.

Во последните осум натпревари, Волфсбург загуби седум пати, а тимот забележа само две победи во 10 кола од Бундес-лигата оваа сезона.

Даниел Бауер, тренерот на тимот до 19 години, ќе ја преземе првата екипа до именување на нов тренер.

Следниот меч на Волфсбург е дома против Баер Леверкузен на 22 ноември, по паузата за националните тимови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови