Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше убедливиот пораз од 3-0 од Манчестер Сити, истакнувајќи дека тимот има простор за подобрување, но и изразувајќи незадоволство поради поништениот гол на Вирџил ван Дајк.
„Неделата започна добро, но заврши разочарувачки. Сепак, гостувањето кај Сити е тежок предизвик за секој тим, вклучително и за нас. Минатата сезона успеавме да победиме тука бидејќи поведовме со 1-0 по статична ситуација и потоа требаше цврсто да се браниме. Никогаш нема да знаеме како би се развил мечот при 1-1, ако ни беше признат голот, но генерално тие беа подобриот тим. Знаеме дека треба да се подобруваме и овој меч само ја потврди таа потреба. Сепак, нешто позитивно е нашето второ полувреме. Често тимови кои губат со 3-0 тука се предаваат, но јас тоа не го видов. Го видов тимот кој се обидуваше да се врати во натпреварот. Имавме свои шанси, но тоа не беше доволно“, изјави Слот.
Тој особено се осврна на поништениот гол на Ван Дајк, кој можеше да го промени текот на натпреварот.
„Според мене, одлуката беше јасно погрешна. Робертсон не му попречи на голманот на никаков начин. Веднаш по натпреварот ми покажаа сличен случај каде истиот судија призна гол за Сити против Вулверхемптон минатата сезона. На линискиот судија му требаа цели 13 секунди да подигне знаме за офсајд, што покажува дека постоела комуникација. Ова можеше да влијае на мечот во наша корист, бидејќи во првото полувреме бевме многу слаби. Требаше да бидеме среќни ако на пауза имавме само еден гол минус, а камо ли ако резултатот беше 1-1 или 2-1. Значи, одлуката беше значајна, но тоа не значи дека автоматски ќе постигневме подобар резултат, бидејќи никој не може да предвиди како ќе се развиеше второто полувреме“, додаде холандскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













