Connect with us

Шкендија се врти кон домашните обврски, следна цел – три бода против Македонија ЃП

После настапот во Лигата на Конференции и нерешениот резултат против Јагелонија во третото коло, Шкендија се враќа на домашните обврски. Ривал на првакот ќе биде тимот на Македонија ЃП, меч кој се игра во Тетово од 13 часот.

И покрај тоа што натпреварот со Јагелонија одзеде многу сила од фудбалерите, сепак, играчите на Шкендија веруваат дека ќе успеат да ги освојат бодовите од овој меч.

„Игравме еден исцрпувачки меч во Европа, одигравме 1-1 откако примивме гол во последните секунди, но мислам дека тоа беше добар резултат за нас, и меч во кој се боревме до самиот крај. Сега се враќаме во нашето првенство, не очекува натпревар против Македонија ЃП во кој мора да имаме правилен пристап. Фудбалерите кои ќе настапат, верувам дека се психички и ментално подготвени за уште еден борбен натпревар. Веќе сме подготвени за следниот предизвик. Разговаравме за сите начини како треба да му пристапиме на овој натпревар. Натпреварот од четврток треба да го оставиме зад нас и верувам дека целиот фокусот сега мора да биде насочен кон нашето првенство. Против сите екипи пристапуваме максимално сериозно, и не нè интересираат проблемите на противниците. Повеќе се фокусираме како ние ќе одиграме. Потребен е максимален фокус и огромна посветеност за да дојдеме до три бода“, изјави стоперот на Егзон Белица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови