По два натпревари на домашен терен, фудбалерите на АП Брера денеска (13 часот) ги очекува гостување во Битола, каде ќе ги одмерат силите со Пелистер. Ќе биде тоа тежок дуел за избраниците на Мартин Алаѓозовски, со оглед дека на домаќинот му се потребни бодови во битката за опстанок.
Но, АП Брера нема намера да отстапи од својата филозофија, да се надигрува со противниците и да игра „за гол повеќе“. Тоа даде ефект на последните две гостувања, кога струмичани славеа против Струга Трим Лум (2-4) и против Работнички (3-4).
По сличен рецепт, составот на Мартин Алаѓозовски, ќе се обиде да стигне до позитивен резултат и на денешното гостување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Во пресрет на 13-тото коло од Прва МФЛ, тимот на АП Брера се наоѓа на шестата позиција со 15 освоени бода, додека Пелистер е десетти со осум бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













