Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека да се запре Арсенал оваа сезона изгледа „речиси невозможно“, иако титулата во Англија не се добива во ноември.
Сити ќе го пречека актуелниот шампион Ливерпул во дербито на ова коло од Премиер – лигата в недела. Средбата е важна за двата тима кои се обидуваат да го одржат притисокот врз „топчиите“ на врвот на табелата.
„Ако продолжат вака, ако играат на овој начин, не примаат голови, не дозволуваат шанси пред својот гол и само победуваат… Боже, ќе биде речиси невозможно, но се надеваме дека ние ќе бидеме подобри, а тие ќе направат грешки. Сè што треба да правиме е да ги добиваме нашите натпревари и да бидеме блиску до нив“, изјави шпанскиот стратег за трката со Арсенал.
„Тие ќе дојдат овде, а има многу нешта што ќе се случат во текот на сезоната. Извонредно е она што го прават последните две-три сезони. Но сепак сме на почетокот на ноември и никој не ја освојува титулата сега. Некој може да ја загуби, но нема кој да ја добие“, додаде тој.
Манчестер Сити ќе се обиде да го запре Ливерпул, кој се врати на победите со успехот против Астон Вила и Реал Мадрид. Претходно, тимот на Арне Слот загуби шест од последните седум натпревари во сите натпреварувања.
„Знам колку брзо се менува сè. Пред една недела Ливерпул беше катастрофа, а сега, само по два натпревари, се вратија во најдобрата форма. Сигурен сум дека сите менаџери го знаат тоа. Сите имаат успеси и падови во сезоната. Имам високо мислење за Ливерпул. Минатата сезона загубивме шест од седум натпревари, бевме во иста ситуација“, се потсети Гвардиола.
„Нема менаџер кој не го искусил ова. За десет години тука имавме два или три лоши месеци минатата сезона. Во останатиот дел имаше разочарувања, но секогаш сме биле на многу високо ниво. Од ноември до јануари-февруари игравме лошо. Но, дали тоа ја дефинира културата на клубот? Не, тоа се случува“, истакна стратегот.
Пеп Гвардиола појасни дека е малку веројатно Сити да ризикува со пуштање на Родри во игра, кој го пропушти и натпреварот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













