Connect with us

Втора МФЛ: Дербито се игра во Штип, лидерот гостува во Неготино

Најголемо внимание во 12.коло од Втора МФЛ привлекува дербито во Штип, каде што се среќаваат Брегалница и Беласица. Сите осум натпревари се закажани денеска, со почеток во 13 часот.

Лидерот Шкендија Арачиново има тешко гостување во Неготино. Неизвесно се очекува да биде и на дуелот во Охрид, каде домаќинот го пречекува тимот на Скопје.

Тетекс е домаќин на Победа, а Кожуф ќе го пречека Осогово. кои оваа сезона жестоко се борат за опстанок во второлигашкото друштво.

ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 12.КОЛО (денеска, 13 часот)

Вардар Неготино – Шкендија Арачиново

Брегалница – Беласица

Охрид – Скопје

Тетекс – Победа

Кожуф – Осогово

Новаци – Слога Виница

Саса – Детонит

Преспа – Г. Коњари

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови