Connect with us

Шабани: Струга Трим Лум размислува единствено за победа против Арсими

Тимот на Струга Трим Лум има една цел, со победа да го заокружи овој сегмент од првенството и да замине на репрезентативна пауза со нови три бода. Денеска во Струга гостува составот на Арсими, а капитенот Буњамин Шабани вели дека тоа ќе биде тежок дуел и важен тест по двете последовни победи против Шкупи и Македонија ЃП.

„За секој натпревар се подготвуваме максимално и со голема сериозност, без разлика на противникот. Знаеме дека во првенството нема лесни натпревари, па така и за овој меч сме подготвени добро и верувам дека ќе дадеме сè од себе за да ги освоиме трите бода“, изјави капитенот Буњамин Шабани.

„Ние сме целосно фокусирани да прикажеме добра игра на секој натпревар и да играме убав и офанзивен фудбал. Тоа досега даде позитивни резултати, па верувам дека ќе продолжиме да постигнуваме што повеќе голови и на секој следен натпревар, вклучувајќи го и денешниот против Арсими“, додаде Шабани.

Со евентуален триумф, тимот на Струга Трим Лум денеска повторно ќе се искачи на првата позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови