Connect with us

Рубен Аморим е менаџер на месецот во Премиер-лигата

Рубен Аморим, стратегот на Манчестер Јунајтед, е прогласен за менаџер на месец октомври во Премиер – лигата. Признанието му го донесе одличниот ефект на тимот во тој период, со три победи, меѓу кои и славјето над Ливерпул на „Енфилд“.

Ова е првпат Аморим да ја освои оваа награда од доаѓањето во клубот, откако претходно се соочуваше со критики поради неубедливиот почеток на сезоната. Во последно време, сепак, тимот ја пронајде вистинската форма и игра на високо ниво.

Најдобар играч за месецот е избран Брајан Мбуемо, кој исто така настапува за Манчестер Јунајтед, препознаен за својот голем придонес на теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови