Connect with us

Гвардиола ќе има посебен мотив на дербито со Ливерпул – Тоа е 1.000-ти меч во неговата тренерска кариера

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави пред својот 1.000-ти натпревар во тренерската кариера дека никогаш не можел да замисли дека ќе стигне до оваа точка во животот.

Во недела, Манчестер Сити под водство на Гвардиола ќе се соочи со Ливерпул во Премиер – лигата. Тоа ќе биде 1.000-ти меч на Шпанецот во кариерата.

„Да се стигне до 1000 натпревари како тренер е нешто посебно. Кога почнав да ја водам ‘Барселона Б’, ниту за момент не помислив на тоа. Само сакав да си ја работам добро работата, да играме вистински фудбал и да видам каде тоа ќе нè одведе“, изјави тој.

„Имав голема среќа во кариерата што работев во три неверојатни клуба. Во Барселона, Баерн и Манчестер Сити ја чувствував целосната поддршка. Можев да работам без пречки и да бидам најдобриот тренер што можам да бидам. Исклучително сум горд на својата кариера“, додаде Гвардиола.

„Трофеите што ги освоив… Искрено, никогаш не мислев дека ќе победувам толку често, но беше прекрасно. Не би променил ниту еден момент.“

„Премногу луѓе има за да ги спомнам сите по име, но сакам да им се заблагодарам на сите со кои сум работел во последните 18 години. Исто така, огромна благодарност до моето семејство, кое безусловно ме поддржува во сè што правам“, заврши Пеп Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови