Connect with us

Чаби Алонсо со восхит кон Вирц: Поради него денес сум тренер на Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изрази восхит кон поранешниот играч Флоријан Вирц, кој сè уште не успева да ја повтори фантастичната форма од претходните две сезони во Баер Леверкузен. Во сезоната 2023/24, Баер под водство на Алонсо ја освои двојната круна, а титулата во Бундеслигата ја освои без ниту еден пораз.

Во таа сезона, Вирц забележа 18 голови и 20 асистенции во сите натпревари и беше прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата. Во последните две сезони во Баер, германскиот репрезентативец запиша 34 гола и 35 асистенции.


Летово тој се пресели во Ливерпул, трансфер за кој клубот плати 125 милиони евра отштета. За англискиот првак, Вирц настапи на 14 натпревари, забележувајќи три асистенции, но сè уште нема постигнат гол.

„Преминот во Ливерпул е голема промена за него и потребно му е време да се адаптира. Тој е посебен играч, со голем квалитет, карактер и силна конкурентност. Веројатно токму поради него добив работа во Реал, и многу сум му благодарен“, изјави Алонсо пред вечерашното гостување кај Ливерпул во Лигата на шампионите.

Чаби Алонсо како играч пет години настапуваше за Ливерпул и одигра 210 натпревари за „црвените“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови