Натпреварите од 11. коло во ВМФЛ се закажани за 13:30 часот, а најголемо внимание привлекува дуелот меѓу лидерот Шкендија Арачиново и Кожуф. Тимот од Гевгелија ќе се обиде да ја сопре серијата на добри резултати на составот што го предводи Љупчо Марковски Калц, но, сепак, реален фаворит е домашниот состав.
„Пиратите“ ќе се соочат со Преспа и ќе настојуваат да освојат нови бодови кои ќе ги оддалечат од конкуренцијата и ќе ги приближат до врвот на табелата. Брегалница, пак, гостува кај Слога Виница и секој резултат освен победа ќе биде разочарувачки за штипскиот тим што го предводи Влатко Костов.
ВТОРА ЛИГА, 11. КОЛО (денеска, 13:30 часот)
Шкендија Арачиново – Кожуф
Охрид – Тетекс
Слога Виница – Брегалница
Скопје – Преспа
Г. Коњари – Саса
Детонит – Новаци
Беласица – Вардар Неготино
Осогово – Победа
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













