Connect with us

Огромна трагедија: Почина екс-тренерот на Шкупи, Младен Жижовиќ, среде натпревар во Србија

За време на натпреварот во Лучани помеѓу Младост и Раднички Крагуевац, почина Младен Жижовиќ на 45-годишна возраст. Тој е поранешен тренер на Шкупи и работеше во македонскиот фудбал.

Тренерот, кој го презеде Раднички пред десет дена, се сруши покрај клупата во 22. минута од натпреварот. Брзата помош веднаш го однесе тренерот на клубот од Крагуевац, а дваесет минути подоцна натпреварот беше прекинат по пристигнувањето на најтажната вест.

Повеќето фудбалери ја ставија раката на глава, исто како и тренерите на клупите, додека помошниот тренер на Раднички, Бојан Пузигача, буквално падна на тревникот. Во Раднички Крагуевац настапува македонскиот репрезентативец Лука Станковски, кој во тие моменти беше на клупата за резерви.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови