Connect with us

Хоџиќ: Фокусирани сме на нашата цел, освојување на трите бода против Арсими

По нерешениот резултат со Македонија ЃП, Башкими остана без тренер откако беше прекината соработката со тренерот Муарем Муарем.

Во првиот натпревар од 12. коло, тимот од Куманово на дуелот против Арсими ќе го предводи Мите Митев.


Напаѓачот од Босна и Херцеговина во редовите на Башкими, Недим Хоџиќ, смета дека и покрај промената во стручниот штаб, атмосферата во тимот е на високо ниво и дека од Гостивар ќе се вратат со три бода.

„Одиме на натпреварот најподготвени што можеме. Фокусирани сме на остварување на нашата цел, а тоа се три бода. Иако имаше промена на тренерот, атмосферата во тимот е на одлично ниво. Сите играчи се подготвени и едвај чекаат да почне натпреварот. Сите сакаме да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Недим Хоџиќ.

Последниот натпревар меѓу овие две екипи во Куманово заврши нерешено (1-1).


Натпреварот меѓу Арсими и Башкими ќе се одигра на стадионот во Гостивар, а почетокот е закажан за 13:30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови