Connect with us

Таипи пред дуелот со Башкими: Ќе дадеме сè од себе за нова победа

Арсими во натпревар од 12. коло од ПМФЛ е домаќин на Башкими со што се отвора вториот круг од дуелите во националниот шампионат

Натпреварот во Гостивар носи дополнителен интерес бидејќи се среќаваат две екипи кои се познаваат добро и секогаш нудат возбудливи средби.

Напаѓачот на Арсими, Албан Таипи, ја изрази својата подготвеност и мотивираност пред денешниот дуел:

„Очекуваме едно вистинско дерби. Играме против квалитетен тим кој има свои доблести, но ние сме подготвени и ќе дадеме се од себе за да го задржиме позитивниот ритам. Работевме напорно во текот на неделата и верувам дека со вистински пристап можеме да дојдеме до нова победа пред нашата публика”.

Екипата на Арсими ќе се обиде да ја продолжи добрата серија и да освои нови бодови, додека мечот против Башкими се очекува да донесе одлична фудбалска атмосфера на трибините.

Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Гостивар со почеток од 13:30 минути.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови